Подгрбавениот старец кој секој ден доаѓал на исто место – Сите го игнорирале освен една жена

Еден подгрбавен старец секоја ноќ седеше на истото место во една на една уличка во американскиот град Феникс. И по сонце и по дожд секогаш беше на истото место во близина на еден ресторан. Покрај себе имаше закачено натпис „Продавам бакарни монети“.

Луѓето секој ден минувале покрај него, но никогаш не го прашувале зошто секој пат седи на истото место, иако никој не бил заинтересиран да му купи од монетите. Но една работа кај него приметила, неговата сограѓанка Лиса. Таа забележала дека со крајни напори ја турка својата инвалидска количка, на која биле неговите монети. Следната вечер го пронашла на истото место и одлучила да дознае што е можно повеќе за него и неговата животна приказна.

Нивните средби продолжиле, секој ден научила нови информации за подгрбавениот старец. Се вика Паул, а Лиса раскажа како во Феникс се доселил пред 36 години, заедно со својата жена. Во брак се 54 години, а старите кованици се обидува да ги продаде затоа што тој и неговата жена се сиромашни и им требаат тие пари за да преживеат.

Лиса одлучила да му помогне на старецот па на една веб страница направила акција за собирање на донации за Паул. Акцијата станала вирална откако медиумите ја пренеле приказната за старецот и неговите кованици кои сега повеќе не мора да ги продава. Биле собрани пари, повеќе и од доволно.

Scroll to Top