Потопил подморница за да го сокрие лешот на новинарката

Питер Мадсен (46), сопственик на една од најголемите приватни подморници на светот, е уапсен во Копенхаген, по хаваријата на неговата подморница во Балтичкото море во петокот утрото.

Мадсен претходно запловил на 18 метри долгата подморница, заедно со шведската новинарка Ким Изабел Фредерика Вал, која работела репортажа за него. Но, таа исчезнала без трага, и полицијата се сомнева дека Мадсен ја убил и ја потопил во подморницата за да го сокрие злочинот.

 

Тој на полицијата по апсењето тврдел дека не ја убил новинарката, туку стигнал во близина на ресторанот на блискиот остров неколку часта пред да ја потоне подморницата.

Пред апсењето, Мадсен дал изјава на телевизија, објаснувајќи зошто подморницата UC3 Nautilus потонала. Изјавил дека имал проблем со баластот кој по неколку минути се закомпликувал.

Тој вели дека едвај успеал да се извлече од подморницата со крајни напори, а таа завршила на дното на морето во рок од 30 секунди.

Дечкото на новинарката, во петокот утрото го пријавил нејзиното исчезнување. Подморница, два хеликоптери и три полициски брода веднаш тргнале во потрага.

 

Портпаролот на данската морнарица изјавил дека подморницата ја пронашле како плови јужно од Копенхаген, но подоцна утврдиле дека потонала.

„Мадсен изјавил дека имал технички проблеми и дека поради тоа не можел да се јави на полицијата преку радио-врска, кога го приметил дефектот“, велат во морнарицата.

Претприемачот Мадсен станал медиумска ѕвезда кога во 2008 година, ја изградил UC3 Nautilus заедно со група на волонтери. На неа потрошил 200.000 долари.

 

Scroll to Top