Познатиот телевизиски водител заврши во болница

Телевизискиот водител Џереми Кларксон во петокот бил префрлен во болница на островот Мајорка, поради пневмонија од која заболел во текот на семејниот одмор.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од болницата каде се гледа неговата рака со болничка нараквица и игла.

– Немам обичај да носам нараквица на море, напиша Кларксон во описот на фотографијата.

Извор близок до семејството на Кларксон соопшти дека тој во болницата бил примен во петокот рано изутрина.

– Џереми никогаш не беше оптеретен со здрав живот, но ова е веќе шести пат како се наоѓа во билница. Тој им рече на пријателите дека не очекуваат од него многу во наредните неколку недели, што е нетипично за него. Очигледно дека и неговото семејство е загрижено, рече извор за магазинот „Сан“.

Scroll to Top