Продолжува потрагата по професорката Тројачанец

Откако професорката Снежана Тројачанец вчера беше пријавена за исчезната, во потрагата по неа се вклучи и полицијата. Граѓаните повеќе од 24 часа споделуваат фотографии од исчезнатата жена за да му помогнат на сопругот Пламен кој очајно трага по неа.

Снежана е професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните и член на заедницата на Хрватите во Македонија. Според нејзиниот сопруг, таа е излезена од дома без лични документи и мобилен телефон, облечена во пижами и јакна. Таа била на домашно лекување против депресија.

„Ви благодарам на досегашната помош и ангажираност, но Снешка сѐ уште ја бараме. Секоја информација е добредојдена. Снешка е исчезната од вчера наутро, слаба, висока со сини очи. Најверојатно е во пижами и кафеана јакна. Ве молам доколку некој ја препознае, јавете се на следниве телефони: Пламен 078/257-878- сопругот и Филип 078/261-126 или обратете се во најблиската полициска станица“, стои во апелот на социјалните мрежи.

Scroll to Top