Прва лезбиска свадба во Австралија

Лорен Прајс и Еми Лејкер станаа првата лезбиска двојка што се венча во Австралија. Во земјата за овој викенд се закажани голем број свадби на истополови двојки кои заради промената на законот конечно ќе можат да стапат во брак.

Во Австралија во септември се одржа референдум на кој излезе 80% од населението, а со мнозинство гласови се овозможи стапување во брак на истополови двојки. Резултатите од референдумот потоа беа предадени на парламентот, а таму се донесе промена на законот за брак.

Иако според законот венчавните не можат да се случат пред 9 јануари, кога законот и официјално стапува на сила, државните власти им дозволија на двојките да се венчаат веднаш. Најголем број свадби се закажани за денес, а ќе се одржат во Сиднеј и во Мелбурн.

Scroll to Top