Првата жена на Путин има 22 години помлад сопруг

Људмила, жената со која Владимир Путин беше во брак 30 години, сега има нов маж. Људмила се омажила за Артур Очеретни, кој е 22 години помлад од неа.

Поранешната прва дама на Русија вчера наполни 60 години.

Нејзиниот татко бил поштар, а мајка ѝ благајник. Пред бракот со Путин, Људмила Шкрбнева работела како поштар, санитарирка и стјуардеса. Во 1981 година се запишала на Ленинградскиот државен универзитет, каде што студирала филологија и почнала да изучува неколку странски јазици. Истата година се запознала со Владимир Путин, на концерт на Аркадиј Раикин.

Људмила беше во брак со рускиот претседател од 1983 до 2013 година. За време на бракот таа родила две ќерки, Марија и Кетрин.

Scroll to Top