Пури – уживање што може да си го дозволи секој

Ако во минатото пушењето пури било статусен симбол на богатите луѓе, денес тоа е задоволство што може да си го дозволи секој што сака да ужива во вкусот на квалитетниот тутун. Пурите денес не се статусен симбол, напротив, нивната употреба е широко распространета и секојдневна.

За многумина асоцијација за пурите се Фидел Кастро и квалитетно виски, а приказните за шверцување пури од Куба во САД се надалеку познати. Но, малкумина знаат дека е потребно да поминат осум години од моментот на засадување на тутунот до моментот кога пурата ќе се најде во продажба.

Белег на Куба се и Flor de las Antillas, едни од најдобрите пури во земјата, кои денес се продаваат и кај нас. Овие пури се со полно, но и со средно-полно тело. Ја носат титулата најдобра пура за 2012 година, а во себе содржат мешавина од никарагвански тутун. Љубителите на пурата знаат дека за да го почувствуваат вистинскиот вкус, првин мора да ја отворат пурата. Тоа се прави најдобро со додатоците за пури од брендот Xikar. При отворањето на пурата доминантна е аромата на чоколадо со затскриени тонови на земја. Ако оваа пура се вкуси незапалена, ќе се почувствува вкус на зачин на врвот од усните. Кога ќе ја запалите, на почетокот доминираат богатите вкусови на млад тутун и какао. Кон средината е присутен вкусот на какао дополнет со слаби ноти на дрво, кои полека го зајакнуваат телото. При крајот вкусот на какао полека се спојува со вкусовите на кожа и зачини, а тие создаваат прекрасен завршок и кулминација во уживањето.

Пурите денес се достапни за сите. Нивната цена зависи од квалитетот и производството, а во продавницата LGA во центарот на Скопје се продаваат пури од најдобрите светски брендови и чинат од 120 денари нагоре. Стереотипите дека пура не може да си дозволи секој се минато. Стереотипите дека пурите се само за мажите – исто така. Пурите се асоцијација за хедонизам кој денес може да си го дозволи секој.

Scroll to Top