Раул Гонзалез е најдобар тренер за 2017 година

Раул Гонзалез е прогласен за најдобар светски тренер на годината. Ова признание го доделува специјализираната интернет-страница за ракомет Handball-planet, а во гласањето учествуваа 30 новинари и голем број ракометни фанови од светот.

РК „Вардар“ под водство на Гонзалес годинава ја одбрани титулата во домашното првенство, го освои пехарот во СЕХА-лигата и ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

Истата интернет-страница пред два дена го прогласи голманот на „Вардар“, Арпад Штербик, за најдобар ракометар за 2017 година.

Scroll to Top