Русите подготвуваат ново чудо од тенк, беспилотна Армата

Министерството за одбрана на Русија после 2020 година, ќе го решава прашњаето за склучувањето на конечен договор за купување на најновиот тенк „Армата“, изјави заменик министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

„Државните тестирања ќе почнат оваа година и ќе продолжат до крајот на 2019 година. Сите нови модели ќе бидат завршени во 2020 година, а после тоа ќе се донесе одлука за големите договори за сериско производство“, изјави Борисов кој стигна во посета на фабриката „Уралвагонзавод“.

Според неговите зборови, за „Армата“, се подготвува ново оружје: „Завршуваат работите на новите борбени комплети за тенкови.

„Не е тајна дека веќе имаме договор за експриментална и борбена експлоатација: два баталјона на тенкови „Арамата“ и еден баталјон тешки пешадиски борбени возила“, додал заменикот министер.

Корпорацијата „Уралвагонзавод“, наскоро во јавноста ќе ги покаже и извршените работи на беспилотната верзија на најновиот тенг „Армата“, изјави генералниот директор Александар Потапов.

„Не стоиме во место. Мислиме и работиме на тоа. Низ некое време ќе ги видите резултатите од нашиот развој“, изјави Потапов.

 

Scroll to Top