Руските милијардери чекаат девојката да наполни 18 години па ги земаат за жени

Успешните и богати Руси ги преплавија социјалните мрежи на кои објавуваат заеднички фотографии со своите помлади сопруги.Секоја жена која е постара од својот партнер, неретко ќе се сретне со коментар: „А, значи ти си постара“, или „Сакаш пилиња“. Но кога сме кај „пилињата“, руските милијардери најмногу ги преферираат, поточно, само тие се на менито.Успешните и богати Руси ги преплавија социјалните мрежи на кои објавуваат заеднички фотографии со своите помлади сопруги. Како што богатите деца на Инстаграм го привлекуваат вниманието на јавноста, така и богаташите и нивниот живот е преплавен со топ модели.

Валентин Иванов и Лиса – 37 години разлика

Валентин има 55 години и Лиса го изговори судбоносното „да“ кога наполнила 18 години. Како што тврдат поедини извори, двојката е во врска, од нејзината 14 година. Руските медиуми имаат многу негативен став кон бракот на милијардерот и беа често тема на лајфстајл рубриката. По разводот Валентин најде нова девојка, никој не и го знае името.

Александер Лебедев и Елена – 37 години разлика

Порталот „English Russia“ тврди дека Елена на 15 години дилала наркотици. Со оглед на тоа дека имала проблем со полицијата, нејзиниот татко го замолил моќниот Лебедев да му помогне да ја извлечат од затвор. На Александер му се допаднала Елена и останатото е историја.

Влад Доронин и Кристина – 32 години разлика

Владислав е најпознат како милијардер кој бил во врска со Наоми Кембел.

По раскинувањето со прочуениот топ-модел, тој запознал млада руска манекенка. Кога Владислав почнал да се забавува Кристина, таа била нешто малку постара од неговата ќерка од првиот брак.

Николај Саркисов и Илона – 24 години разлика

Руските медиуми тврдат дека Илона изгледа како поранешната сопруга на Николајев. Пред да се забавува со милијардерот, исклучиво била заинтересирана за помлади мажи. Денес нејзиниот Инстаграм е преполн со фотографии од Николај и од луксузни дестинации, ширум светот.

Scroll to Top