Се обложил со родителите дека ќе стане милионер, само да не оди на училиште

Ерик Финемн пред три години се обложил со родителите дека доколку стане милионер до својата 18. година, нема да мора да оди на факултет. Веднаш го напуштил училиштето затоа што сметал дека тоа е губење време и учел од дома.

И, се разбира, Ерик победил, а неговата приказна го обиколи светот.

„Го добив облогот од милион долари со моите родители. Благодарен сум им на сите“, објави тој во вторникот.

Училиштето отсекогаш го мразел, а сè почнало во 2011 година кога имал 12 години и кога баба му му дала 1.000 долари. Ерик одлучил да ги вложи парите во биткоин, дигиталната валута, по препорака на својот брак Скот.

„Не бев за училиште. Играв игри и мојот живот беше просечен во тој момент. Колку и да се обидував, немав успех, добивав тројки и бев само уплашен затоа што моите наставници неуспесите во училиштето ги гледаа како нешто лошо. Еден професор дури ми рече дека никогаш нема да бидам успешен во ништо и дека треба да го напуштам и да се вработам во „Мекдоналд“.

 

Родителите потоа сепак одлучија да го отпишат од училиште и неговата едукација да продолжи од дома во Ајдахо, пишува Ало.

Својот прв биткоин го претворил во пари веќе во 2013 година кога нивната вредност била 1.200 долари и така го исплатил долгот. Од тогаш основал своја интернет-компанија „Ботангл“, која им овозможува на фрустрираните ученици да најдат професор преку интернет. Мислејќи на својата иднина, плановите ги побарал во „Старбакс“ и им понудил на сите кафе доколку ја сослушаат неговата идеја и му дадат критики.

По првите успеси, почнал да ги вклучува и старапите во силициумската долина, а на 15 години се преселил во Сан Франциско.

Финем сега има 403 биткоини, кој во моментот вредат околу 10.000 долари за секој, што е вкупно околу 4 милиони долари, како и нешто помали вложувања и други криптовалути. Во моментот работи на повеќе проекти вклучувајќи ги и лансирањата на ракетите за НАСА, изјави тој за НБЦ.

И понатаму ја поддржува идејата дека не треба да оди на универзитет.

„Не би му советувал на никој со оглед на тоа дека во моментот образовниот систем е поставен така што тој не работи за никого. Би препорачал да користат интернет, кој е бесплатен и овозможува многу повеќе“, изјави Ерик.

 

Scroll to Top