Се отвора нов салон на „Прима мебел“ со специјални попусти

Утре (4.10.2017) „Прима мебел“ го отвора вториот салон во Скопје, во населбата Кисела Вода. Новиот салон е на улица Борис Трајковски број 166 и ова е 8. салон на корпорацијата во своето седумгодишно работење во земјата.

Ексклузивниот салон во Кисела Вода, освен што на купувачите им нуди модерен и квалитетен мебел, дава идеи и целокупни решенија за функционално и естетско уредување на домот.

„Прима мебел“ свечено ќе го отвори салонот в сабота, на 7 октомври, и за таа пригода подготви специјални попусти за своите купувачи. Посебни цени ќе има од 4 до 7 октомври.

Три дена купувачите ќе може да си изберат квалитетен мебел по пристапни цени, а водено да купат и дизајниран по најновите трендови. Корпорацијата е всушност најголемиот хрватски малопродaжен синџир и производител за мебел кој досега се покажа како вистински избор на купувачите не само во Хрватска туку и во Германија, Франција, Белгија,Велика Британија и во Швајцарија.

Корпорацијата „Прима“ е основана во 1995 год во Бјеловар. Производството се одвива во осум современи фабрики и 55 продажни салони во Хрватска и 8 салони во Македонија. Освен на домашен пазар, присутни се и на пазарите во Германија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија и во Велика Британија.

 

 

Scroll to Top