Се препознал на фотографија на својата свршеница, судбината ги споила во Црна Гора

Верона Колики и нејзиниот свршеник Миранд Бузаку, разгледувајќи стари фотографии од периодот кога таа била мала, забележале дека Миранд се наоѓа на едната од нив, а во тој период тие не се ни познавале.

Верона на една од фотографиите од летување во Црна Гора позирала со роднините, а во заднина може да се забележи лик на момче што плови на душек.

Миранд ги препознал душекот и маицата, а потоа и себеси пред 10 години.

Прво не биле сигурни, па одлучиле да проверат кај неговите родители.

„Оваа фотографија е снимена пред десет години, а кога му ја покажав на свршеникот, тој ги препозна маицата и душекот. Почнавме со понатамошна анализа и неговото семејство ни потврди дека таа година биле на летување на тоа место. Се покажа дека мојот сегашен свршеник случајно завршил на нашата семејна фотографија“, напишала таа на дното на објавата на „Фејсбук“.

She said yes!💍

A post shared by Mirand Buzaku (@mirandbuzaku) on

Иако се наоѓале само неколку метри еден од друг, не успеале да се запознаат сè до минатото лето кога се сретнале во родното Косово, а една година подоцна се свршиле во Турција.

Објавата во која Верона ја сподели целата приказна за само неколку дена собра над 30.000 лајка, а многу корисници на „Инстаграм“ заклучиле дека, едноставно, им било судено да завршат заедно.

 

 

 

 

Scroll to Top