Се сликнал покрај булдужер и напишал на Фејсбук „Добро утро“ – Веднаш бил уапсен

Израелската полиција уапси еден палестински работник, откако на неговата порака на Фејсбук, која гласела „добро утро“, погрешно автоматски е преведена на компјутерот.

Тој Палестинец минатата недела поставил на својот Фејсбук профил фотографија, од градилиштето каде работи во еврејската населба Беитар Илит, покрај Ерусалим. Се сликал покрај булдужерот, а напишал: „Добро утро“ на арапски јазик.

Написот е преведен на хебрејски преку преводот кој го нуди Фејсбук како „нападни ги“, а на англиски „повреди ги“.

Полицијата се сомнева дека дополнителен поттик за насиле било и тоа што Палестинецот се фотографирал покрај булдужерот, возило кое претходно било користење во нападите на Израелците.

Полицијата се посомневале дека Палестинецот се заканува со такви напади и го уапсила.

По испитувањето, полицајците сватиле дека станува збор за грешка во преводот, и дека исправниот превод бил „добро утро“.

Уапсениот е пуштен после неколку часа. Тој одбил да даде изјава за израелските медиуми и брзо го тргнал постот од својот Фејсбук профил.

Scroll to Top