Седна на трактор и го изора ликот на Ким Јонг Ун

Италијанскиот уметник Дарио Камбарин направи на полето со пченка, недалеку од Верона, голем портрет на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, и под него напиша „Опасност“.

Тој потрет го направил со трактор и плуг, на нивната на неговиот татко, со големина од 25.000 квадратни метри, а може да се види само од „птичја перспектива“, пренесува Тас.

Портретот е некој вид на апел во целиот свет. Гледаме постојани тензии во односите со американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јон ун, а целиот сввет ги следи случувањата. Мојата работа претставува израз на желбата да проблемот се реши преку дипломатски пат и што побрзо“, изјави Гамберин.

Scroll to Top