Седум метри снег на Алпите, првпат по 20 години

Снежната лавина го потрупа патот меѓу Бесанс и Боневал сур Арк откако тој регион го погоди невиден снег.

Направен е пат низ седум метри високите наноси од снег предизвикани од лавина на француските Алпи, а направен е премин и до селата кои беа отсечени од светот.

Драматичните фотографии кои ги направи експертот за лавини Алан Дукло ги прикажуваат моментите откако работниците се пробиле низ наносите и го отвориле затрупаниот пат.

„Минаа 20 години откако во оваа област видовме ваква лавина“, кажа Дукло и истакна дека ја очекувале поради количеството снег кое паднало во изминатите денови.

Во областа Савоа за 36 часа наврнале 1,8 метри снег, а метеоролозите врнежите ги опишаа како онакви што се гледаат еднаш во 30 години.

Снегот предизвика прекин на струјата и хаос во сообраќајот, го сопре скијањето и ја крена опасноста од лавини на највисоко можно ниво во последните 10 години.

Scroll to Top