Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун ја покажа сопругата

27-годишната Ри Сол Џу, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун, се појави во јавноста по повеќе од една година. Таа го придружуваше сопругот на прослава во Пјонгјанг по повод тестирањето на хидрогенската бомба. Двајцата им ракоплескаа на изведувачите што танцуваа и пееја патриотски песни на прославата.

Во јавноста се шпекулира дека Ри е бремена со трето дете, па затоа не се појавува на јавни настани.

Иако Ким е трета генерација на династијата што ја води Северна Кореја, првата дама потекнува од обично семејство. Во јавноста не се знае ни точниот датум на нивната венчавка ниту, пак, кога им се родени децата. Се смета дека свадбата била во 2009 година, дека првото дете го родила 2010 година, а дека второто дете им се родило 2012 година.

Scroll to Top