Што гледаат Македонците на порно-сајтовите?

Сајтот за порно-видеа „Порнхаб“ објави статистика за нивната посетеност во 2017 година. Оваа бројка покажува дека расте бројот на Македонци што го посетиле сајтот, дека е зголемен бројот на жени што гледале видеа на „Порнхаб“ и Македонците гледале најмногу видеа во категоријата MILF.

Според статистиката во 2017 година за 359 отсто пораснал бројот на жени што гледале порно филмови преку тој сајт, а бројот на пребарувања на видеа наменети за жени се зголемил за 1.400 отсто.

Сајтот лани имал 28,5 милијарди посети, односно 81 милион посети дневно, а биле извршени 25 милијарди пребарувања. Објавени се преку 4 милиони видеа со вкупно траење од 68 години или 24.811 дена.

Најпребарувани на сајтот биле видеата со лезбејки, додека најпопуларна порно-глумица била Рајли Рајд. Од машките порно-глумци најпопуларен бил Јорди Ел Нињо Пола.

 

Scroll to Top