Што се случува во кампот Бондстил на Косово? – Путин бил невин, а Западот се однесува како банкротиран милијардер?

„Што се случува во кампот Бондстил на Косово? Тоа е една многу сериозна огромна воена инсталација“, додаде Стоун…

Славниот американски режисер Оливер Стоун и автор на филмот „Иннтервју со Путин“, истакна дека омилена тема на западниот свет е идејата да Русија повторно сака да го создаде своето царство. „Јас мислам дека тоа и е целта на Русија. Целта на Владимир Путин и неговата администрација е да Русија остане недопрена, сигурна и почитувана поради своите руски интереси.

Покрај тоа тој ја спореди ситуацијата на Крим со случувањата на Косово.

Во исто време, верувам дека од својот говор во Минхен 2007 година, ги предизвика Соединетите Американски Држави, нивната моќ и концепт на униполарен систем. Тој предлага свет на рамнотежа, свет на поголема централна моќ. Тоа е неговата цел“, истакнува американскиот режисер во интервју за „Денес“, а пренесува „Спутник“.

Големиот дел од филмот се разговорите меѓу Стоун и Путин за ситуацијата во Украина, посебно на Крим. Но и во текот на таквите темо, режисерот не го доведува во прашање, ставот на Путин, дури ни кога се во прашање етничките засновани референдуми.

„Немаше никакви немири на Крим и споредување со други делови на Украина. Зошто? Да имаше незадоволство од резултатите на референдумот, тоа досега би се покажало. Косово се случи и се појави идејата на Запад дека автономијата треба да постои. Што мисли Запад, зошто автономијата треба да постои? Косово се одвои и Србија немаше никаква врска со тоа. Тргнаа по својот пат. Оваа ситуација настана така што кримскиот парламент кој постои по сите украински закони гласаше за референдумот. И тој референдум се случи. Путин самиот вели дека тоа луѓето од Крим го сакаа. Во тоа време постои голем страв дека Крим новата власт ќе се пресмета со нив. Стравуваа дека насилието ќе дојде до нив. Тоа е интересна приказна. Се појави насилие дека навистина би било проблем“, смета Стоун.

Како што самиот тврди, „Путин бил „невин“, првите години од своето владеење кога се во прашање односите со САД“, за да се разбуди некаде во 2006 година, и година дена подоцна со својот говор во Минхен покаже што сака.

„Не се сеќавам дека некој во Америка нешто напишал во тој говор, а тој е речиси како манифест. Путин вели дека светот повеќе не може да биде униполарен. Мора да постои поголем центар на моќ. Тој говори цело време, но никој не го слуша. Тој истакнува дека мораме да имаме мир. Во Америка сите живеат од денес за утре. Трамп твитува што се случува во овој момент, и сите вести се дневни настани, но Путин говори како треба да гледа во 20-50 години во иднианта. Тоа и треба на државата – водач кој размислува за иднианта. Не гледам дека тоа го има на Запад. Западот се однесува како богат пијан банкротиран милијардер кој живее од денес до утре. Сега ќе позајмуваме пари, а утре ќе размислуваме како ќе ги вратиме“, заклучи Стоун.

 

Бондстил камот на Косово е монгу опасен

Коментирајќи ги односите меѓу Србија и Русија, Стоун вели дека врските меѓу Србија и Русија се многу стари, нос е оградува дека специфичноста на тие односи, сепак не ја познава најдобро. Тој прецизираше дека кога говори за Западот обично говори за Америка, затоа што таа е центар на сите тие активности.

 

Foto: Wikipedia/Public Affairs Office

„Говориме за Запад, но другите земји ја немаат слободната воља. НАТО ја контролира Европа. И како што вели Путин, тие луѓе не се сојузници, туку заложници. Зошто? На нивната територија се наоѓа нуклеарно оружје и може да се користи само по воља на Американците. Тоа нема врска со Британците, Французите, Италијаните… Што се случува во камот Бондстил на Косово? Тоа е една многу сериозна огромна воена инсталација. Тоа е сериозна работа. Ние сме голема империја, а тоа никој не го говори“, вели Стоун.

Printskrin: Youtube/okrajoe

Кампот Бондстил инаку е главната воена база на Соединетите Американски Држави на Косово и Метохија, која е под контрола на КФОР.

а. Сместена е покрај Урошевац, на истокот на јужната српска покраина, базата служи како седиште на НАТО, за источниот дел на КФОР.

b. Базата името го доби по Џејмс Бондстил, американскиот војник од Виетнамската војна.

 

Printskrin: Youtube/okrajoe

Иако била ипишана како значајни и стратешка за заштита на американските интереси во овој дел на светот, американскиот амбасадор во Приштина, Кристофер Дел во 2011 година, најави скорешно затворање на базата. Ова е најавено во склоп на мерките на штедење, а истата станала голем финансиски терет, и дека во склоп со новата дефиниција на национален приоритет одлучено е да не се финансира она што не е неопходно. Но, набрзо генералот ЕрхардБилер, командантот на Кфор даде изјава дека базата нема да ја затворат и дека ќе трае колку и мисијата на американските воени сили на Косово. Но, од април 2011 година, воената база ја користат и други војници мултинационални сили на КФОР, а не само американските.

 

Да потсетиме, американскиот режисер го претстави на 23 „Сараево филм фестивалот“, „Интервјуто со Путин“.

Интервјуто предизвика голем интерес кај гледачите, па на основа на неговата објавена книга, во која влегоа и делови од текстот кој не ги имало во четричасовниот филм. Книгата наскоро ќе се најде и на киовците низ Балканот.

 

Scroll to Top