Скопје најзагаден град во светот

Скопје е најзагадениот град во светот. Скопје ги престигна Колката, Индија, и Дака, Бангладеш. Овие податоци варираат од ден на ден, но последниве недели Скопје е на врвот на листата со најзагадени градови. И според Европскиот индекс за квалитет на воздухот, во градот тој е со лош квалитет.

Загадувањето на воздухот во скопските општини повеќе од десет пати ги надминува дозволените граници. Густата магла значително ја намалува видливоста. Загадениот воздух предизвикува многубројни здравствени проблеми, а најнегативно влијае кај хронично болните, кај бремените жени, новороденчињата и кај малите деца.

Според студијата на Светската банка, како последица од загадувањето на воздухот во Македонија годишно умираат околу 1.000 луѓе.

Scroll to Top