„Скопје сити мол“ прославува 5 години

 

По повод петтиот роденден на „Скопје сити мол“ денес се одржа прес-конференција на која претставници на менаџментот од трговскиот центар на медиумите им ги претставија досегашното работење, идните планови, како и детаљната роденденска програма.

Генералниот директор на „Скопје сити мол“, Ебру Радевски, на прес-конференцијата ги истакна досегашните достигнувања на трговскиот центар, но ги најави и новитетите што ќе се случуваат во иднина.

„Скопје сити мол“ како регионален шопинг-центар е во плановите на сите големи светски брендови што сакаат да отворат своја продавница и во Македонија и како такви најпрвин се заинтересирани за простор токму тука. Во „Скопје сити мол“ моментно има 175 закупци, а годишно се заинтересирани повеќе од 200 бренда за отворање своја продавница. Токму затоа во идните планови ни е зацртано проширување на нашите капацитети за да ги задоволиме нашите заинтересирани клиенти во своите барања“, изјави г-ѓа Ебру Радевски.

На прес-конференцијата беше соопштено дека „Скопје сити мол“ од ноември 2016 е дел од „Хајстед лимитед“, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на шопинг-центрите во Југоисточна Европа. „Хајпроп инвестментс лимитид“ (REIT рангирани на JSE) поседува 60 отсто од акциите во „Хајтсед“ и ПДИ-компанијата, што ја застапува Луј Норвал, ги поседува преостанатите 40 отсто. „Хајстед“ поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, „Делта сити“ во Подгорица (Црна Гора) со 23.718 м2, „Делта сити“ во Белград (Србија) со 27.693 м2 , „Скопје сити мол“ во Скопје (Македонија) со 36.999 м2 и „Мол“ во Софија (Бугарија) со 52.000 м2.

Стратегијата на „Хајстед“ е да поседува висококвалитетни трговски центри на пазарите во развој каде што таквите средства може да се стекнат или развијат со атрактивни приноси. Трговските центри на „Хајстед“ доминираат во однос на просечната големина, а со тоа привлекуваат нови концепти и водечки продавници и ги прават нашите центри најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Структурата на компанијата обезбедува цврста основа за извршување на нашата стратегија, со способни и искусни тимови и практичен пристап кој ни овозможува ефикасно управување со нашите средства за да се постигне тековен приход и раст на капиталот.

Според Дарко Панчевски, претсавник од маркетинг-секторот, „Скопје сити мол“ секогаш како и досега ќе продолжи да се грижи за своите потрошувачи и закупци.

„Ми претставува навистина чест и задоволство што сум дел од еден ваков голем објект, кој во изминатите години успеавме да го направиме регионален лидер кога се работи за шопинг-центрите. Од денот на отворањето, па сè до денес, во молот поминале повеќе од 35.000.000 посетители, сме организирале и поддржале повеќе од 330 хуманитарн проекти и настани, повеќе од 220 кампањи, 12 музички концерти, 4 модни шоуа, како и 4 интернационални патувачки настани. Сето ова ме прави максимално да се гордеам и ми дава предизвик за наредниот период. За роденденот обезбедивме богата роденденска програма за сите посетители на „Скопје сити мол“, каде ќе имаат возбудливо шопинг-искуство од 6 до 8 октомври со попусти до 50 отсто. На 7 октомври (сабота) трговскиот центар ќе работи до полноќ и ќе делиме и бесплатни коктели со секоја сметка над 500 денари, а вечерта ќе се одржи ултраспектакуларен концерт „Хит за 5“ со многу познати пејачи и групи од македонската естрада кои ги одбележаа 90-тите години. Организираме и модна потрага каде што актерите Тино и Атанас ќе ги бараат стилски најдобро облечените во женска и машка категорија, а ќе ги оценуваат Александар Биљановски – Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Марија Илиќ, Андреј Папаз и Елена Стефановска. За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, DJ James Zabiela. Како и секогаш, така и овој пат, не ги забораваме и нашите најмали посетители, односно на 8 октомври организираме семеен ден со настап на Петко и бендот 5+“, изјави Панчевски.

Она што со посебен интерес ја привлече јавноста е ретро забавата „Хит за 5“ од 90-тите години каде што по повеќе години „Скопје сити мол“ и Мартин Трпчевски успеаја да ги соберат на сцена изведувачите што имаат оставено голем белег во музиката.

„Навистина ми е многу драго што успеавме во реализацијата на овој проект, да ги собереме сите македонски изведувачи што својата слава ја доживеаа во 90-тите години, а некои од нив веќе долго време не се на сцената. Ве повикувам сите да дојдете на 7 октомври во „Скопје сити мол“ заедно да запееме со Дарио, Угро, Пере од „Нокаут“, Искра Трпева, Тамара, Александар Митевски, Гиш, Фиц од „Студени нозе“, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Peace Brothers, како и многу други. Ве очекуваат и неколку изненадувања“, изјави Мартин Трпчевски.

Од „Скопје сити мол“ ги повикуваат сите да дојдат од 6 до 8 октомври во трговскиот центар, да уживаат во богатата програма и заедно да го прослават 5. роденден на нашиот најголем трговски центар.

Scroll to Top