Скопскиот џез-фестивал со гости од САД, Европа и од Африка

Од 19 до 22 октомври ќе се одржи 36. издание на Скопскиот џез-фестивал со врвни џез-музичари од САД, Европа и од Африка.

Организаторите најавија ексклузивен концерт на една од најдобрите џез-пејачки во светот, Ди Александер, на која ова ќе ѝ биде единствен концерт во Европа. Покрај неа, на фестивалот ќе настапат Марк Рибо со проектот „Јанг Филаделфијанс“ и Стив Колмен со „Фајв елементс“.

Од Норвешка на годинешниот џез-фестивал ќе гостуваат „Трондхејм џез-со својот квартет, а ќе дојдат и триото на Давид Хелбок и „Интерзоне“ на Марио Ром.  Во полноќната програма на фестивалот ќе настапат афробит-легендите Орландо Џулиус и „Хелиоцентрикс“ и Ентони Џозеф со својата група, а настап ќе има и италијанскиот џезер Роберто Отавијано.

Концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот, а полноќните концерти ќе се одржат во дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Годинава од Скопскиот џез-фестивал најавуваат и дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација.

Scroll to Top