Следниот викенд ќе се одржи „Штипска пaстрмалијада 2017“

Манифестацијата „Штипска пастрмалијада 2017“ ќе се одржи на 15, 16 и 17 септември.

Првиот ден ќе настапат Сузана Спасовска и Академци, па групите „Галија“ од Србија и „Кикимора“ од Бугарија. Вториот ден, на 16 септември, програмата ќе ја отвори, „Есма бенд“, за забавата да ја надополнат „Дивље Јагоде“ од Босна и Херцеговина, и Лепа Брена како врв на вечерта. Последниот ден програмата ќе ја отвори македонската група „Тоа е Тоа“, по што ќе следува настапот на Тања Савиќ од Србија, за манифестацијата да ја затвори гостинката Хрватска – Јелена Розга.

За време на тие три дена се очекува да бидат изедени над 100.000 пастрмајлии.

Scroll to Top