Соборен турски хеликоптер во Сирија, Ердоган бесен

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека воениот хеликоптер е соборен од земја во Сирија, за време на операцијата „Маслинова гранчица“.

Се наведува дека хеликоптерот е соборен во турската провинција Хатај, на границата со регионот Африна во Сирија, каде Анкара ја спроведува воената операција против курдските сили.

„Ќе ја платите цената за тоа“, изјави Ердоган, не откривајќи кој е точно одговорен за рушењето на авионот.

Турската воена операција, во регионот Африн во Северна Сирија, влезе во четвртата недела.

 

Scroll to Top