Сопругот на данската кралица не сака да биде погребан со нејзе поради една работа која крајно го фрустрира

Хенрик никогаш не го криеше нездоволството, поради тоа што не ја стекна титулата крал, и тоа во последните години се повеќе го фрустрираше.

Сопругот на данската кралица Маргарет II, принцот Хенрик, кој е со француско потекло, не сака по смртта да биде погребан ди својата сопруга, соопштија во четвртокот од кралската палата.

Длабоко незадоволен што секогаш е во сенка на нејзе, 83 годишниот принц, одлучи по смртта, да не почива со својата жена, која се „согласила“ на ваквата одлука“, изјави за дневниот весник „BT“ управителката на прес службата на кралската палата, Лене Балеби.

Одговарајќи на прашањето на „AFP“, портпаролот на палатата ја потврди информацијата на весникот, но не наведе други поединости.

Одлуката на принцот Хенрик, кој никогаш не ја стекнал титулата и должноста кои ги посакувал, а поврзана со фактот дека во животот, никогаш не бил еднаков со својата жена, па не сакал тоа да остане ни по неговата смрт, образложи Балеби.

Хенрик никогаш не го криел незадоволството поради тоа, што не ја стекнал титулата крал и тоа во последните години се повеќе го фрустрирало, додаде таа.

Тој одбил да почива со сопругата во кралската гробница во Роскилдеу, каде по обичај се погребуваат кралските двојки, а принцот сепак ќе биде погребан во Данска.

„Ја сака Данска и повеќе од 50 години работел за Данска. Принцот затоа ќе биде погребан во Данска“, додаде таа.

 

Scroll to Top