Српскиот политичар Палма, го уништува Спајдермен

Лидерот на српската партија, Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, и првиот човек на Јагодина, е често тема на шеговити коментари.

Сепак, она што сега осамна на интернет, фрла сенка на сите досегашни шеги. Имено, на сајтот „9gag“, кој е база на смешни фотографии, гифови, видеа и други работи, поставена е фотографија на Драган Марковиќ, единствениот жител од Јагодина, кој е планетарно познат.

На фотографијата стои и коментар:

„Кога мораш да убиеш во 10 часот и да го уништиш Спајдермен во 11 часот“.

Палма го споредија со ликот од Марвел, Кингпин.

Scroll to Top