Тоалетна хратија со твитовите на Трамп на продажба

Најголемата американска компанија за онлајн продажба „Амазон“  продава тоалетна хартија со испечатени твитови на американскиот претседател Доналд Трамп. Цената на тоалет хартијата е  12 долари, а првичните залихи веднаш се распродадени.

Производителот ги собрал пораките на Трамп од Твитер, кои предизвикале најголем јавен интерес уште од периодот 2012-2014 година.

На „Амазон“ се продава и ролна тоалетна хартија со монохромни фотографии на Трамп, како и на неговата против-кандидатка на изборите минатата година, Хилари Клинтон.

Scroll to Top