„Тојота“ и „Мазда“ потпишаа заеднчки договор, ќе произведуваат 300 илјади автомобили годишно

Корпорациите на „Тојота“ и „Мазда“ објавија дека двете компаниите имаат потпишано заеднички договор за деловна иницијатива. На листата на иницијативата се изградба на заедничка производна хала во САД, взаемна работа во областа на технологијата за електрична мобилност, развој на соработка за автомобилска поврзаност во полето на безбедноста и проширување на присуството на производи. Клучна точка во новата соработка меѓу „Тојота“ и „Мазда“ ќе биде изградбата на нова фабрика во САД, каде што двете марки ќе инвестираат подеднакво. Новиот производствен комплекс, кој се очекува да биде оперативен во 2021 година, ќе биде со годишен капацитет од околу 300.000 автомобили, а потребната инвестиција за неговата изградба е во износ од 1,6 милијарди американски долари.

Во новата фабрика на Тојота и Мазда ќе се составуваат кросовер модели на Мазда кои брендот допрва ќе ги претстави, а Тојота ќе произведуваат изведби на „колора“ наменети за Северна Америка.

Scroll to Top