Трчај 5 километри за болните од ХИВ во Македонија

На 29 октомври во 11 часот ќе одржи добротворна трка на која ќе се трчаат 5 километри за луѓето кои живеат со ХИВ. Добротворната трка, за време на која освен трчање ќе има и добра музика, ја организира „Дурекс“, а љубителита на спортот може да се пријават кај нив.

„Не заборавајте дека можете да трчате сами, со пријатели, соседи, колеги, потребно е само да имате желба да учествувате“, велат организаторите. Патеката почнува од кај Жабарот па сè до мостот кај Александар Палас и назад.

Пријавувањето е до 26 октомври на фан-страницата Дурекс Македонија на„Фејсбук“, со име и презиме, и секој учесник треба да плати котизација од 300 денари. Средствата се донирааат директно во здружението „Заедно посилни“.

Scroll to Top