Трик со далечинско што малкумина го знаат

Нема работа што повеќе нервира од тоа кога убаво ќе се наместите во фотелја пред телевизорот и тогаш сфаќате дека далечинскиот управувач не работи.

Обично се во прашање батериите, а далечинските управувачи се првата цел кога на некој апарат ќе му притреба. И сигурно тогаш не ви се оди до продавница за да купите само една батерија, зарем не?

Знајте дека не морате да одите до продавница затоа што сè може да решите само со една спојувалка.

Треба да ја наместите во оваа положба за совршено да притисне на местото на батеријата. Со тоа ќе го затворите струјното коло помеѓу батеријата и компонентите во управувачот.

Единствената мана на овој трик е што далечинскиот управувач ќе работи на помала волтажа, па ќе мора малку да се доближите до телевизорот за да можете да ги менувате каналите.

Scroll to Top