Трикови кои ќе ви го спасат летото

Еве некои трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од најчестите летни проблеми.

Кога ќе помислите на летото, веројатно прво што ќе ви падне на памет е жешкиот песок, водата и сончањето. Баш тие убави работи можат да ви зададат малку маки, но за среќа постои начин да се ослободите.

Еве некои совети кои ќе ви помогнат да вашиот одмор биде забавен и пријатен.

Да песокот не се лепи за стопалата

Незгодно е кога боси ќе прошетата по плажата, песокот ќе ви се залепи за стапалата, па тогаш ќе треба да облечете папучи. За да тоа го спречите, понесете си бебешка пудра со себе и нанесете ја на стапалата пред да облечете папучи. Кога ќе почнете да ја трљате, ќе биде целосно сува и песокот нема да се лепи.

Заштитете го телефонот и останатите работи

На плажата најчесто не знаете каде да го оставите телефонот, парите… Најдобро е да некој остане на плажа да ги чува, а другата опција е да се што имате вредно го оставите во децката пелена. Така спакувани работите нема да бидат привлечни за крадците.

Избегнувајте главоболка

Ако сакате нурката, тогаш веројатно ви се случило да понекогаш ве заболе глава, поради промената на притисокот. За среќа постои едноставен начин тоа да го спречите.

Пред да нурнете, со прстите запушете го носот, затворете ја устата и така напревете притисок во главата околу пет секунди. Потоа вдишете длабоко, и повторете го овој процес два пати, за да телото се навикне на притисокот, а главоболката исчезне.

Ладни папучи

За да сандалите не би ви „изгореле“ стапалата откако ќе ги оставите на плажа, за да одите да пливате, едноставно свртете ги наопаку, со ѓоновите кон сонцето.

Scroll to Top