Трогателно божикно видео на групата „Гентри“

„Гентри“ во дел од светот е познат како музички состав составен од тројца тенори. Поради претстојниот празник Божик, снимиле видеозапис за божикната песна Oh, Holy Night, а видеото допрело до срцата на многумина што го гледале.

На почетокот на видеото бездомник му помага на маж за да си го прицврсти божикното дрво на врвот од автомобилот. По ваквиот чин, од глава не му излегува ликот на бездомникот кој бил премрзнат на улица. Тој решил да се врати за да му се заблагодари.

Видеото завршува со Евангелието по Матеј: „Навистина, ви велам, што и да направите за еден од овие мои најмали браќа, ми го правите мене“.

Ова видео има цел да покаже дека целта на празникот не е само дарувањето, туку и благодарноста и пожртвуваноста за верата, која им помага на оние на кои им е потребна.

Гледајте го:

Scroll to Top