Царски офицер на Русија, во еден ден ги изгуби и раката и ќерката, а десет години подоцна успеал да направи камен пат

Вооружан со железна воља и една рака половина од животот го мина градејќи го камениот пат.

Високиот офицер на царска Русија Јегор Строганов, некаде пред самиот крај на XVIII век, пристинал во манастирот Прасквица, над Милочер во Паштровиќ. На тој чекор се одлучил по двобојот со еден царски капетан, кој ја изневерил големата љубов, која неговата прекрасна ќерка Јекатерина ја имала кон него. Поради тоа Јегор својот несуден зет го предизвикал на двобој.

Според тогашните правила, прв пукал превртливиот капетан, кој во таа прилика тешко го ранил во раката Стрганов. Но, здравата десна рака на Јегоров не промашила – капетанот паднал смртно погоден. Долгото лечење не помогнало, па морале да му ја ампутираат раката.

Кога конечно ја залечил раката здобиена во двобојот, се вратил дома, но не ја затекнал својата ќерка. Полни седум години лутал од манастир до манастир барајќи ја својата ќерка Јекатарина. Но, не успеал да ја пронајде, ниту да дознае каде се сокрила.
Притиснат со големата мака и невоља, стигнал во Прасвица, каде на стариот игуман Сава Љубишиќ, му кажал дека е Русин и дека сака да остане да работи во манастирот. Нагласил дека единствено што сака е мир и да молчи до крајот на животот. Својата тајна и несреќа не сакал на никого да ја довери, пишува primorskenovnie.me.

Поради тоа што се сместил во посебна манастирска соба, Јегор си одредил задача, која се состоела во тоа да го направи камениот пат кој го поврзува морскиот брег со селото Челобрдо, кое надвисува над Свети Стефан и манастирот Прасквица.

Вооружан со железна воља и една рака, почнал да го гради патот. Низ старото цариградско мало ги кршел камењата и ги ѕидал скалите… И така, малку по малку го правел патот, наречен според него, Јегоров пат.

Потоа пристигнал уште еден Русин, млад монах Јелисеј, за кого, ништо не се знаело. Кога го здогледал старецот, на младиот калуѓер очите му насолзиле, но тоа никој од присутните не го забележал. Јегор подоцна со денови му раскажувал како доаѓа на работа и неуморно го гради патот.

По четири години младиот Јелисеј тешко се разболел, почнал нагло да венее и да исчезнува. Кога увидел дека му се приближува крајот, побарал да му запалат свеќа и во неговата ќелија да му го донесат старецот Јегор. Ги замолил останатите монаси да ги остават сами.

И така, додека седел и набљудувал како згаснува еден млад живот, стариот Јегор наеднаш целиот побледел. Во неговиот поглед препознал еден друг драг лик, ликот на својата ќерка единец, поради која своевремено – не успевајќи да ја најде во Русија – заминал на далечен пат во непознат свет, и покрај морето, градејќи го патот, привремено да ја потисне маката од својот живот.

Цврсто му ја стегнал раката, мислејќи дека е на ќерка му, Јегор горко заплакал над својата судбина. Недолго потоа, неговата Јекатерина починала. Истиот ден е и погребана, а калуѓерите биле долг период во шок, кога во ликот на починатиот Јелисеј, кого го засакале, ја спознале младата и убава девојка. Се заветиле дека оваа тајна ќе ја чуваат како света.

Скршен и измачен со она што животот непријатно му го приреди, веќе на големо, скршениот старец, продолжил да го прави камениот пат. Работел уште година, две, се додека не го поставил и последниот камен, пишува Primorskenovine.me.

Работата, во која вложил десет години, конечно беше завршена. Неговиот пат ги поврза Милчер со Челобрдо. Беше тоа некаде пред самото доаѓање на војската на Наполеон во тие краишта (1808 година)

Наскоро потоа Јегор се затворил во својата ќелија. Го обземале темни и мрачни мисли. Претчуствувајќи ја својата смрт, се исповедал на калуѓерот кој се грижел за болниот Јелисеј, односно за неговата – како што на крајот се испостави – ќерка единица Јекатерина. Му раскажал дека бил висок царски офицер во Русија, и сето тоа што следело потоа.

Набрзо по исповедувањето, стариот Јегор Строганов, и се приклучил на оној свет на својата ќерка. Погребан е во манастирот Прасквица, каде и ден денешен стои неговата надгробна плоча.

Оваа чудесна и потресна приказна за Јегор и неговата ќерка Јекатерина, како и неговиот камен пат до самиот морски брег му послужи на драмскиот писател Види Огњеновиќ како инспирација да ја напише драмата „Јерговиот пат“.

Од друга страна, многу руски туристи, кои се се повеќе на број и престојуваат на Будванската ривиера, ги заинтригира необичната и несреќна судбина на двајцата сонародници, таткото Јегор, и неговата ќерка Јекатерина.

Затоа тие на радо срце го посетуваат манастирот Прасквица, а особено сакаат да прошетаат низ патот кој со една рака, по десет години напорна работа и молчење, го изградил нивниот царски офицер Јегор Строганов.

Scroll to Top