Црниот телефонски именик на Хитлер продаден на аукција за 37.000 евра

Меѓу броевите се наоѓаат и броеви од високите раководители на Третиот рајх. Во адресата се Хајнрих Химлер, Џозеф Гебелс, Рудолф Хес, Херман Геринг, Јоахим фон Рибентроп, Рајнхард Хајдрих, Алберт Борман…Адресарот за кој се верува дека му припаѓа на Адолф Хитлер е продаден на аукција „Henri Oldridž“во Велика Британија за 33.000 фунти (37.000 евра), пренесува „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека во неа се наоѓаат и телефонски броеви од неговиот личен архитект, Алберт Шпер и фотографот Хајнрих Хофман, кој го запозна Хитлер со неговата идна сопруга Ева Браун.

Scroll to Top