Ваков огромен бран ретко се гледа во Кина

Бранот од реката Чјантан, за кој се верува дека е најголемиот во светот, со години предизвикува собир на голем број на Кинези на истокот на земјата.

Огромните бранови високи и по 10 метри, патуваат долж заливот Хуангџои, со огромна брзина.

Брановите кои се создаваат поради гравитационата привлечност меѓу Сонцето и Месечината, се случуваат секој месец. Но, бранот е најсилен и најимпресивен на 18 ден, од осмиот месец по лунарниот каленрад, поради специфичноста на порамнувањето на Месечината, Сонцето и Земјата.

Оваа година импресивниот феномен се појави на 7 октомври, односно на третио ден од Кинескиот есенски фестивал.

 

 

Scroll to Top