(ВИДЕО) Американците го поддржуваат Трамп да ја бомбардира Северна Кореја – Но, имаат проблем да ја најдат на карта

Американците трагајќи по Северна Кореја, на картата ги покажуваа Канада, Оман, Казахстан, Аргентина, Иран, Австралија, Бразил, Кина…Американската состојба на умот е специфична и не се снаоѓа подалеку од „сопствениот двор“. Во емисијата „Џими Кимел Лајв“, еден од репортерите излезе на улица за да ја провери „менталната состојба на нацијата“.

Повеќето граѓани даваат поддршка на претседателот Трамп да го реши прашањето по заканата на Северна Кореја, а некои избраа дури и да ја бомбардираат таа земја.

Но, проблемот настанува кога треба да поажат каде се наоѓа таа земја. Баш ниту еден не знаеше да ја пронајде Северна Кореја на картата.

Трагајќи за неа, на картата ги покажуваа Канада, Оман, Казахста, Аргентина, Иран, Австралија, Бразил, Кина, Индија, Виетнам, Пакистан, Австралија и цела Европа.

Но, Северна Кореја не ја пронајдоа, пренесува Слободна Далмација.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top