(ВИДЕО) Диџеј на познат фестивал на електронска музика, го пушти Синан Сакиќ

Ако мислите дека народњаците и електронската музика не одат никако заедно, ДЏ Салваторе Ганаци ќе ве разувери.

Тој на познатиот фестивал на електронска музика „Tomorrowland“ во Белгија, на кој настапи најпознатиот DJ на светот, во својот сет го уфрли и хитот на Синан Сакиќ.

Дел со него можете да го слушнете од 12:26 и 37:00 минути:

Па како Салваторе дознал за Синан, се прашувате. Едноставно, вистинското име му е Емил Кобилиќ и роден е во Босна, а ова е уште еден доказ дека може да се побегне од Балканот, но Балакнот никогаш нема да побегне од нас.

Публиката беше задоволна со неговата свирка, а на социјалните мрежи слушнете ги пофалбите од оние кои ќе се сетат дека ги препознале тактовите на хитот од народните клубови.

 

Scroll to Top