(Видео) „Династија“ се враќа на ТВ екраните

Американската ТВ сапуница „Династија”, која ги одбележа осумдесеттите години на минатиот век, се враќа на малите екрани на 11 овој месец.

Новата „Династија“ го следи животот на семејството Керингтон, а Грант Шо ја толкува улогата на Блејк. Во оригиналната серија, што се емитуваше од 1981 до 1989 година, ликот на Блејк го глумеше Џон Форсајт. Тој беше замислен како пример за морал и жртва на каприците на поранешната сопруга Алексис (Џоан Колинс). Втората сопруга на Блејк, Кристл, која претходно ја толкуваше Линда Еванс, сега ќе ја глуми Натали Кели.

Сепак, постојат некои разлики со оригиналот. Приказната сега не се одвива во Денвер туку во Атланта, а ривалите на Керингтонови, семејството Колби, овој пат се со афроамериканско потекло.

Scroll to Top