(ВИДЕО) Дражен Петровиќ, еден од најголемите мајстори во кошарката

На 22 октомври, денес, во 1964 година, во Шибеник, Хрватска е роден Дражен Петровиќ еден од најголемите мајстори на кошаркарата на сите времиња. Тој за само 29 години, колку што траеше неговиот живот до трагичната сообраќајна несреќа, успеа да стане дел од колективната меморија кај кошаркарските фанови низ целиот свет.

„Уживав кога играв притив Дражен. Голем играч. Не се плашеше, секогаш сконцентриран на играта. Борбен и полн со самодоверба.Секогаш кога играа нашите тимови, тој играше многу силно против мене, исто и јас против него. Поинаку против него и не можеше да играш. Нашите двобои беа максимални. Имавме неколку сјајни дуели, за жал беа тоа кратки двобои. За кратко време остави длабока трага. Без страв влезе во НБА авантурата и им покажа на останатите Европејци како можат да успеат тука“, изјавил Мајкл Џордан во 1997 година.

Scroll to Top