(Видео) Дуел на двете најопасни змии

Не е познато кој е авторот на оваа неверојатна снимка, но се знае дека за неколку часа таа стана заразна за гледање. Некаде во дивината уловена е блиска средба на џиновски питон и кралска кобра.

Питонот според силата и масивноста бил апсолутен фаворит во борбата и лесно ја уловил кобрата во својата смртоносна прегратка.

Но, не сметал на тоа дека нема само кобрата да го загуби својот живот, туку и тој.

Кобрата во последните минути го испушти својот прочуен отров директно во вилицата на питонот и за неколку минути и двете суштества биле мртви.

Според неофицијални информации, блиската средба на змијата се одиграла некаде во југоисточна Азија.

Scroll to Top