Со видео ги замолча сите што веруваат дека Земјата е рамна

Елон Маск неодамна на „Твитер“ ги замолча сите поборници на теоријата дека планетата Земја е рамна. Целата расправа започна уште во ноември, а неговиот одговор го чекавме досега.

Кон крајот на ноември минатата година Елон поставил прашање на својот твитер-профил зошто не постои теорија за рамен Марс. На тоа организацијата Flat Earth му одговорила: „Еј, Елон, благодарам за прашањето. За разлика од Земјата, ние имаме докази дека Марс има кружна форма“.

Дискусијата тука запрела, но два месеца подоцна, Маск во вселената испрати примерoк од електричниот автомобил „тесла родстер“.

По успешното лансирање, Илон Маск на својот профил објави поглед од автомобилот во вселената, а на снимката јасно се гледа дека нашата планета има кружна форма, токму како и Марс.

Интернетот, секако, ја забележа поврзаноста.

„Ова е големо разочарување за луѓето што од некоја причина веруваат дека Земјата е рамна”, напишал еден корисник на „Твитер“.

„Видете ја таа рамна Земја“, коментирал друг, а трет се пошегувал: „Ха, ха, добар обид. Сите знаеме дека Земјата е рамна, пријателе“.

Набргу се огласила и организацијата Flat Earth со свој одговор:„Луѓето што веруваат дека Земјата е кружна бидејќи виделе автомобил во вселената на интернет се, најверојатно, нова верзија на луѓето шо сметаат дека нешто е вистинито само затоа што било на телевизија. Тоа е слаб аргумент. Зошто која и да било приватна компанија би сакала да ја објави вистината?“, се прашуваат тие.

Scroll to Top