(ВИДЕО) Играат со ковчег на рамењата – Семејството на починатиот пее и се смее

Клиентите можат да бираат дали сакаат сериозна варијанта или претстава.Последните години во Гани, се појави толку бизарен тренд на погребите, што секој коментар е сувишен. Имено, семејството на починатиот, ангажирале живописни танчери во униформи, за да изведат комплицирана кореографија со сандак на рацете.

Кореографијата подразбирала вртење и паѓање на земјата, а дури и се претвараат дека им испаѓа сандакот. Сето ова се одвива пред воодушевената и ожалостената публика, додека ковчегот со стил оди на гробното место, попратено со трубачи и бубњари.

Но, тоа не е се. Опколени се често со придружни весели танчери, така да делува дека макар на момент им е полесно.

„Овие луѓе играат додека ги испраќаат нашите сакани на вечното почивалиште, па затоа решив да со танц ја испратам својата мајка, да го запознае Творецот“, вели една од ожалостените.

„Кога ќе ни се обратат клиентите, ги прашуваме дали сакаат сериозна варијанта или би сакале да направиме претстава“, објаснува водачот на трупата Бенџамин Аиду, а пренесува BBC.

Бенџамин со креативна идеја успеа да вработи повеќе од 100 момчиња и девојчиња, и вели дека на тој начин успешно се бори против невработеноста.

Scroll to Top