(Видео) Магија на Роналдо

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на спектакуларен начин го изведе пеналот на мечот во осмина-финалето од Лигата на шампиони, против екипата на Парис Сен Жермен.

Португалецот во моментите на изведувањето на пеналот силно нагази со левата нога на теренот покрај белата точка, топката од силата потскокна и Роналдо ја зафати од волеј.

Португалецот постигна два гола во победата на Реал 3:1 над ПСЖ. Во финишот на првиот дел Кристијано Роналдо од пенал израмни на 1:1 и го постигна својот 100. гол во Лигата на шампионите.

Снимката на изведување пенал стана вирален хит. Веднаш покрена голема полемика дали Португалецот тоа намерно го извел или е во прашање чиста случајност.

Дека тоа не му е прв пат, открил неговиот некогашен соиграч Рио Фердинанд.

„Роналдо тоа го правеше на тренинг во Манчестер Јунајтед. Тренираше такви удари, секогаш измислуваше нешто ново. Не велам дека синоќа тоа намерно го направи, но навикнат е да шутира на таков начин. Да не е тоа така сигурно ова ќе му направеше проблем, а тој совршено го изведе пеналот. Знам дека звучи лудо, но вистина е, Роналдо ова го тренираше кога трениравме заедно“, открива поранешниот соиграч на Португалецот од времето на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Scroll to Top