(видео) Местото каде што беше застрелан српскиот политичар Оливер Ивановиќ

Нa социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на полицијата на местото на кое беше убиен српскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Инцидентот се случил утринава околу 8 часот и 30 минути откако непознати напаѓачи отвориле оган кон Ивановиќ кога тој влегувал во седиштето на својата партија.

Застрелан, и без знаци на живот, веднаш бил однесен во болница.

„Ништо не знаевме, но со самото тоа како се одвиваше ситуацијата, затвор, па пуштање од затвор, па избори… Среде бел ден да изрешеташ човек што тргнал на работа. Луѓето се вознемирени. Не знам што да кажам“, изјавила Божовиќ во болницата во Косовска Митровица каде што бил донесен Ивановиќ.

Таа додала дека никој не слушнал пукотници и додала дека пред партиските простории Ивановиќ го нашла сосетка што се враќала од продавница.

„Се подготвував да одам на работа. Секретарката беше во канцеларијата. Го нашла првата сосетка што излегла да купи леб и се враќала од продавница. Го видела како лежи пред канцеларијата“, изјавила Божовиќ за „Танјуг“.

Сосетката ја известила секретарката, која викнала брза помош.

„Сè се случи во рок од две-три минути. Не се слушна пукање. И покрај тоа што има четири или пет куршуми во него, пронајдени се само три чаури“, рече таа.

Ивановиќ во болница е примен во тешка состојба и лекарите се обиделе да се изборат за неговиот живот, но, за жал, тој подлегнал на повредите.

Scroll to Top