(Видео) На само 8 години го победи ракот на дојката

Криси Тарнер имала само осум години кога ѝ бил дијагностициран карцином на дојката, редок облик на рак од кој заболува еден од милион луѓе. За среќа, Криси го победила ракот благодарение на брзата реакција на своите родители. Тие сега имаат нова мисија во животот, да ги предупредат другите на огромната важност од рано дијагностицирање на болеста зашто тоа е најсигурниот начин за оздравување.

Криси ја победила болеста без хемотерапија бидејќи лекарите навреме ѝ направиле мастектомија пред клетките на туморот да се прошират на лимфните јазли. Со само 8 години Криси е најмладата жртва со оваа дијагноза.

Scroll to Top