(ВИДЕО) Одвратна фора на Рамос, со која го понижи Меси

Овој детал можеби сте го промашиле за време на „Ел Класико“.

 

Реал Мадрид дефинитивно е подобра екипа од Барселона во овој момент, што се докажа и во реваншот од финалето во Суперкупот на Шпанија, со победата од 2:0 во Мадрид.
Фрустрираноста на играчите во Барса, беше и повеќе од очигледна, и Ернесто Валверде е во сериозна тешка позиција. Очигледно е дека тимот не функционира без Нејмар и под игно треба да се најде замена за него.
Тоа на своја кожа најдобро го почувствува Лионел Меси, и како да тоа не му беше доволно, па на жуљ му застана капитенот на Реал, Серхио Рамос.
Шпанецот предизвика ингригантен потег – топката беше кај него во рацете кога беше досудена прекршок за Барса. Тогаш Меси тргна кон капитенот на Реал, за да му ја земе топката, но тој му ја подаде, а во последен момент ја фрли во воздух.
Меси веднаш потоа го опцу „”la concha de tu madre“, пцовка која е се почеста во Аргентина.
Веројатно навивачите на Реал го окарактеризираа овој несомнено подол потег како смешен, но генерално, неспортски.
Особено што се знае какви се Рамос имал испади на бројните дерби мечево со Барса во минатото…

Се разбира, брзо се појави верзијата за Златната топка.

Scroll to Top