(ВИДЕО) Пајак службата го испушти СКАПОЦНИОТ „Лексус“, а тогаш на Русинот му падна мрак на очи

Лексусот беше непрописно паркиран на место за инвалиди, а според неофицијалните информации, и сопственикот на возилото бил инвалид, но не го означил возилото со инвалидски картон.Дигалната на пајак службата, денеска во Пореч, се обиде да го подигне непрописно, паркираното скапоцено возило „Лексус“, со руски регистарки таблици, но поради преголемата тежина на возилото, падна од дигалката и при тоа го оштетија, пренесуваат хрватските медиуми.

„Лексусот“ бил непрописно паркиран, на место за инвалиди, а според неофицијалните информации, и сопственикот на возилото е инвалид, но не го означил возилото со инвалидска картичка, пренесува „Index.hr“.

На фејсбук беше објавена и снимката од тој настан, која ја прикажува расправијата меѓу возачот на „пајакот“ и Русинот чие возило падна од дигалката.

Нервозниот Русин во неколку наврати физички го турна службеникот на пајак службата, но сепак не дојде до потежок инцидент.

Пајакот три пати се обиде да го дигне скапоцениот „теренец“, но секој пат силно му се оттурнуваше наназад, и беше очигледно дека не беше можно успешно да го подигне, наведува Индекс.

На крајот се слушна гласен звук, а возилото тресна на тротоар. За цела среќа, на лице место беше и еден познат адвокат од околината, кој многу успешно ја смири ситуацијата, а многу брзо се појавија и четири полициски службеници.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top