(Видео) Пуштен официјалниот трејлер за „Паркот Јура“

В година во киносалите во светот ќе почне да се прикажува петтиот дел на филмот „Паркот Јура“. „Универзал пикчрс“ овој пат го ангажираа режисерот Хуан Антонио Бајона, а во главните улоги настапуваат Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Џералдин Чаплин и Џејмс Кромвел. Но, во филмот ќе се појави и актерот Џеф Голдблум, кој глумеше во првиот дел на филмот.

Во петтиот филм на островот на диносаурусите се случува ерупција на вулкан, а главните јунаци се обидуваат да ги спасат од повторно изумирање.

Филмското студио неодамна го претстави официјалниот трејлер за филмот.

Scroll to Top