(ВИДЕО) Ракетата на Северна Кореја, за малку ќе погодеше патнички авион!

Интерконтиненталната ракета, која во петокот беше испалена од страна на Северна Кореја можеше да го погоди патничкиот авион, јавува ABC News.
Балистичката ракета на Северна Кореја беше тестирана на 28 јули летала повисоко и подалеку за разлика од сите претходни лансирања, а слета на подрачјето кое само неколку минути претходно прелета авионот со повеќе од 300 патници.

Ракетата беше испалена во прометно воздушно подрачје. Додека паѓаше, на истото подрачје леташе авионот „Air France 777“ од Токио за Париз со 323 патници. За помалку од 10 минути откако авионот прелета северозападно од островот Окушири, ракетата паѓала во вода во тоа подрачје.
Поранешниот воен пилот Степхен Ганиард изјави: „Екипажот на авионот не знаел дека е во опасност, затоа што ракетата доаѓала од голема висина. Доколку се распаднеше во воздух пред падот, можеше да ја загрози голем дел од територијата.
Големите воздухопловни компании изјавија дека непрекинато ги анализирале опасните зрачни зони, а од „Air France“ изјавија дека загрозениот лет минал без инциденти. Пентагон изјави дека Северна Кореја лансирала ракети во многу прометен воздушно и морско подрачје без никаква координација.
Scroll to Top