(ВИДЕО) Се беше во ред додека не ја купија проклетата кукла – Тогаш во нејзиниот дом почнаа да се случуваат страшни работи

Само два дена откако им стигнала куклата, се случи вистинска необична ситуација. Пред неколку месеци британските медиуми пишуваа за наводно „проклетата“ кукла која сопствениците одлучиле да ја продадат на еBayu откако во нејзината куќа се случиле прилично чудни работи.
Куклата тогаш на аукција за 866 фунти ја купил Ли Стир, од Ротердам, во Англија. Но, тоа не му беше најпаметната одлука. Само два дена откако куклата стигнала на адресата на 30 годишниот Лија, и неговите родители се случил вистински необичен настан.
Неговиот татко, Пол тоа утро на десната подлактица, пронајде необични изгребаници…
„Мојот татко утрото работеше во подрум, а куклата тогаш сеуште беше спакувана во кутијата. Само во еден момент се слушна звук на чекор“, се присети Ли.
„Ми рекоа дека тоа е малку необично. Подоцна тој ден гледаше „live-stream“ од нашата кукла и мама во еден момент рече дека ја боли раката. Го подигнав ракавот и пронајдов шест гребнатинки. Мене ми се чинеше дека слични гребаници на ногата имаше и на ногата на сопругата на поранешниот сопственик на куклата.

„Мојот татко е верник. Ми рече дека не е среќен со фактот дека таа кукла ни е во куќата“, изјави Ли за Дејли Мејл.

„Тој самиот вели дека слушнал необични звуци, видел како треперат светлата и беа скршени некои од предметите.

„Еднаш додека зборувавме за куклата во тој момент на ѕидот почна да се тресе сликата. пред да куклата стигне во куќата, такви работи не се случуваа“, изјави Ли.

Поранешната сопственичка на куклата Деби Мерик вели дека не била изненадена од необјаснивите настани во куќата на семејството Стир, но дека и е драго што ги решила.

Паранормалните настани во куќата на семејството Стил или во текот на бујната фантазија и желба за публицитет? Проценете самите:

 

 

Scroll to Top